< Назад

Денови на искушение

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: историски

Род: Игран филм

Времетраење: 104 минути

Тип: Филмска лента

Техника: синемаскоп

Звук: Да

Во боја: црно-бел

MM: 35

Година: 1965

Содржина: По завршувањето на Балканските и на Првата светска војна (1918 год.), повеќе стотини Македонци емигрираат во Бугарија. Меѓу нив се и врховистички ориентираните Македонци кои сакаат емиграцијата да ја искористат за свои политички цели. Таму се елиминирани повеќе чесни борци за слободата на Македонија. Во еден од атентатите, организирани во Софија, убиен е и Ѓорче Петров. Атентаторот е младо момче кое не знае дека го убива човекот кој е еден од последните вистински пропагатори и борци за слободна Македонија. Сознанието дека е вовлечен во редовите на врховистите и дека е искористен за извршување на овој подол чин, значи смртна пресуда и за него.

Награди: 1966 13 Ноемвриска награда за камерата во филмот за Киро Билбиловски

Автори:


Други улоги:

Божидарка Фрајт
Хермина Пипиниќ


Други соработници:

помошник режисер -- Света Павловиќ
маскер -- Иван Лалиќ
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
помошник директор -- Благоја Кондратјук
архитект -- Бранко Хундиќ
музички соработник -- Тимотие Стеванов
асистент монтажер -- Мира Ѓуриќ
скриптер -- Штефица Хрушкар
соработници во филмот -- Бранко Вукадиновиќ; С. Петровиќ; С. Рогановиќ; М. Брглес; Љ. Јохан; Б. Шубрановиќ; Ивица Хабазин; Милан Чекиќ
музиката ја изведува -- оркестарот на Љубљанската филхармонија
диригент -- Само Хубад

Постер:

Фотографии: