Биографија: (Скопје, 25.12.1920 - Ерџелија, 10.11.1968) Писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и филмски сценарист. Неговата книга „Растрел“ е прва збирка раскази на македонски јазик. Темите за своите раскази најчесто ги црпи од современиот живот и од поновото македонско минато. Некои од нив се преведени на: словенечки, српскохрватски, албански, унгарски, полски и руски јазик. Негови позначајни дела се: книгите раскази „Блокада“ (1950) и „Луѓе и птици“ (1955), „Оплеменета игра“ (критики, 1957), „Солунските атентатори“ (роман, 1961). Пишува и сценарија за играни и за документарни филмови. Неговото прво филмско сценарио е за документарниот филм ЖИТО ЗА НАРОДОТ (1947).
Филмови: 1955 РИТАМ И ЗВУК, текст, документарен, Вардар филм 1967 КАДЕ ПО ДОЖДОТ, адаптација на дијалози, игран, Вардар филм
Филмографија:
1947:
Жито за народот
(
Сценарио,
)
1949:
Филмски преглед бр. 10
(
Редактор,
)
1949:
Филмски преглед бр. 12
(
Редактор,
)
1949:
Филмски преглед бр. 13
(
Редактор,
)
1952:
Бели мугри
(
Сценарио,
Асистент на режија,
)
1961:
Солунските атентатори
(
Сценарио,
)
1964:
Под исто небо
(
Сценарио,
)
1964:
Скопје '63
(
Сценарио,
)
1967:
Мементо
(
Сценарио,
)
1969:
Републиката во пламен
(
Сценарио,
)