Биографија: (Скопје, 11.1.1920 - 20.01.2000)
Раскажувач, романсиер, поет, филмски сценарист, есеист и сликар.
Основно и стручно-техничко училиште завршил во Скопје.
Од 1945 година, уредник е на првиот весник за деца „Пионер“, потоа главен уредник на списанието за деца „Титовче“, на списанијата за литература и уметност „Нов ден“ и „Современост“, на литературниот весник „Хоризонт“ и на хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работи како уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска книга“.
Автор е на книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи, поезија и филмски сценарија.
Добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои: Наградата АВНОЈ (1968); Наградата 11 Октомври; потоа на СВП; 13 Ноември, награда на градот Скопје; Рациново признание и Наградата Мирослав Крлежа. Добитник е на две златни арени за сценарио, за филмовите ВОЛЧА НОЌ (1955) и МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ (1974) на филмскиот фестивал во Пула.
Член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година.
Награди: 1955 ФЈИФ Пула, Златна арена за сценарио / „Волча ноќ“
1974 ФЈИФ Пула, Златна арена за сценарио / „Македонскиот дел од пеколот“
Филмови: 1956 ПОСЛЕДНИОТ КОЛОСЕК, ко-сценарист, игран, Уфус филм Белград
1959 МАКЕДОНИЈА, ко-сценарио, документарен, Уфус филм Белград, Документарен филм Прага
Филмографија:
1955:
Волча ноќ
(
Сценарио,
)
1955:
Комитска легенда
(
Сценарио,
)
1956:
Пула 1956
(
Режија,
Сценарио,
)
1956:
Птиците доаѓаат
(
Сценарио,
)
1957:
Сонце зад решетки
(
Режија,
Сценарио,
)
1959:
Виза на злото
(
Сценарио,
)
1959:
На двата брега на Вардар
(
Сценарио,
Помошник на режија,
)
1960:
И морето сонува
(
Режија,
Сценарио,
)
1960:
Страв
(
Режија,
Сценарио,
)
1960:
Преку води преку земји
(
Режија,
Сценарио,
)
1960:
Давид, Голијат и петел
(
Режија,
Сценарио,
)
1961:
Сфинга
(
Режија,
Сценарио,
)
1963:
Катастрофа, страдања, надежи
(
Режија,
Сценарио,
)
1963:
Василие Поповиќ - Цицо
(
Режија,
Сценарио,
)
1967:
Македонска крвава свадба
(
Сценарио,
)
1971:
Македонски дел од пеколот
(
Сценарио,
)
1985:
Јазол
(
Сценарио,
)