< Назад

Македонски дел од пеколот

Производство: Вардар филм - Скопје

Земја на потекло: Република Македонија

Жанр: воен

Род: Игран филм

Времетраење: 102 минути

Тип: Филмска лента

Техника: виставижн

Звук: Да

Во боја: во боја

MM: 35

Година: 1971

Содржина: Филмот е снимен според вистинит настан. При крајот на 1942 и во почетокот на 1943 година, за да го спречат ширењето на Револуцијата во Битолско, бугарските фашистички окупатори ги засилија прогоните и насилствата над цивилното население. По предавството на селанецот Диме Пафтар дека во селото Лавци се наоѓаат партизани, меѓу кои е забележан и легендарниот учител Тодор Ангелов, по кого е распишана и потерница, бугарскиот полициски началник и мајорот на бугарската војска во Битола организираат заедничка акција за напад на селото. Под закрилата на ноќта партизаните, заедно со селаните, се подготвуваат за напуштање на селото. Меѓутоа, започнува нападот на опколеното село. По голема борба партизаните успеваат да го пробијат обрачот, но селаните и Даскалот остануваат во селото. Даскалот се крие во куќата на Јосиф, во скривницата на таванот. Бугарската војска и полиција влегува во селото. Сите машки жители на селото, постари од 15 години, се собираат сред село, а на жените и децата им е забрането да излегуваат од куќите. За да го фатат Даскалот, мајорот и полицискиот началник одбираат 25 селани и им се закануваат дека ќе ги стрелаат. Времето одминува и селанките исплашени за животите на своите мажи масовно излегуваат сред село. Покажани од издајникот, издвоени се и измачувани Илинка, девојката на убиениот партизан Кајзер, Паца, жената на Јосиф, и Јосиф, кого го горат со вжештено железо. Никој не го предава Даскалот. За тоа време во куќата на Паца и Јосиф, нивниот син Миле го слуша викањето на скриениот учител, но не му помага туку излегува и им се придружува на другите селани. Во меѓувреме Велика добива породилни болки, се извлекува од толпата и незабележана влегува во куќата на Јосиф. Со крајни напори му помага на Даскалот да се извлече од скривницата. Во ноќта кога започнува одвојувањето на осудените на смрт, селаните ја забележуваат силуетата на Даскалот во селскиот сокак. Тој, не дозволувајќи невини жртви, започнува да пука. Опколен од сите страни, бара засолниште во шталата. Шталата е запалена, и Даскалот, слушајќи ја песната на селаните, ја активира бомбата.

Награди: 1972 ФЈИФ, Пула, Златна арена за сценарио за Славко Јаневски, Панде Ташкоски и Ватрослав Мимица 1973 ФФ, Ниш, Прва награда за епизодна улога за Нада Гешовска

Автори:

Продуцент: Камберски Јово
Директор на филм: Ангеловски Благоја
Директор на фотографија: Билбиловски Киро
Костимографија: Патрногиќ Јелена
Сценографија: Лазаревски Никола
Асистент снимател: Салковски Драган
Организатор на снимање: Вељковиќ Предраг
Помошник на режија: Ѓурчинов Александар - Ацо

Други улоги:

Благоја Анчевски
Боби Бурековиќ
Бошко Дејановски
Блашка Дишљенковиќ
Димитар Илиевски
Таше Кочовски
Едо Перочевиќ
Снежана Рабаджиска
Олга Наумовска
Станко Стоилков
Елена Тешанова
Ратка Чоревска
Коста Џековски


Други соработници:

швенкер -- Вјенцислав Орешковиќ
асистент снимател -- Ристо Буклевски
фотограф -- Будимир Маѓер
помошници режисери -- Љубомир Шикиќ
асистент режисер -- Ивана Мимица
секретар режисер -- Лидија Дебарлиева
асистент сценограф -- Миладин Аранѓеловиќ
реквизитер -- Доминик Балтиќ
гардеробери -- Бранко Гретиќ; Љубица Плејиќ
маскер -- Мирко Мачкиќ
асистент маскер -- Драгица Миливојевиќ
музички соработник -- Лидија Јојиќ
водач на снимање -- Ристо Теофиловски
консултант за воено-историски прашања -- Михаило Апостолски
лектор по бугарски јазик -- Лидија Петрова
деловен секретар -- Љубица Крстевска
народната песна „Со маки сум се родил јас“ ја пее -- Вања Лазарова

Постер:

Фотографии: