< Назад

Петковски Војне

Биографија: ('Ржаново, 1918 - Скопје, 1998) Филмски работник - филмски и телевизиски тон-снимател. Детството го минува во Охрид, каде што неговото семејство од 1924 година го поседува киното „Охридско езеро“. Студиите на Техничкиот факултет во Белград ги прекинува во 1948, определувајќи се за професијата тон-снимател како своја животна вокација. Професионално се усовршува во Сараево, Белград и Загреб, а од 1949 година активно работи во продуцентската куќа „Вардар филм“ - Скопје. Поради искажаните афинитети спрема филмската техника и технологија, именуван е за директор на филмската лабораторија „Техно филм“. По кратка пауза, во 1961 година повторно работи во „Техно филм“ како технички директор. Со интеграцијата на „Техно филм“ и новоформираната ТВ Скопје, Војне Петковски започнува ангажман во телевизијата каде работи како шеф на филмската служба, началник на филмската техника, во Секторот за економска пропаганда. Во 1982 година заминува во пензија од МРТВ Скопје, како советник за филмска техника.

Филмографија:

1950: Филмски преглед бр. 17 ( Тон, )
1950: Народна техника ( Тон, )
1950: Памук од задружните полиња ( Тон, )
1951: Филмски преглед бр. 25 ( Тон, )
1951: Филмски преглед бр. 26 ( Тон, )
1951: Филмски преглед бр. 27 ( Тон, )
1952: Фросина ( Тон, )
1952: Бели мугри ( Тон, )
1953: Миравска свадба ( Тон, )
1953: Преспа ( Тон, )
1953: Кој е крив? ( Тон, )
1953: Пожар ( Тон, )
1953: Мугра во полињата ( Тон, )
1954: Приказна за нашите дни ( Тон, )
1954: По снежните висови на Шара ( Тон, )
1954: Азот ( Тон, )
1954: IV Сојузно падобранско првенство ( Тон, )
1954: Илинден 1903 ( Тон, )
1954: Македонски тутун ( Тон, )
1954: Македонски тутун II ( Тон, )
1954: Велигденски обичаи ( Тон, )
1955: Волча ноќ ( Тон, )
1955: Ритам и звук ( Тон, )
1955: Стара чаршија ( Тон, )
1955: Галичка свадба ( Тон, )
1955: Тенда ( Тон, )
1955: Дервиши ( Тон, )
1955: Комитска легенда ( Тон, )
1956: Птиците доаѓаат ( Тон, )
1959: Нерадосни игри ( Тон, )
1959: Автопатот Братство-Единство (делница Неготино - Демир Капија) ( Тон, )
1959: Хидроцентралите Врбен и Равен ( Тон, )
1960: Мелиорации во кумановска околија ( Тон, )
1960: Шарпланинецот Мургош ( Тон, )
1961: Мирно лето ( Тон, )
1961: Дојранско езеро ( Тон, )
1961: Птици и риби ( Тон, )
1961: Градот на Вардар ( Тон, )
1961: Помеѓу две разделби ( Тон, )
1964: Рибарството во Катлановско езеро ( Тон, )
1966: Мариовска свадба ( Тон, )
1969: Време без војна ( Тон, )
1972: Истрел ( Тон, )