< Назад

Ќостаров Димитар

Биографија: (Ичера/Сливен, Бугарија, 25.08.1912  – Скопје, 14.03.1997) Актер, режисер, педагог. Во 1937 година завршува двегодишно Актерско студио при Народниот театар во Софија, раководен од Н.О. Масалитинов, еден од соработниците на Станиславски. Во периодот 1937-1943 е актер во театрите во Софија, Пловдив и во Скопје. На почетокот од 1944 година им се приклучува на македонските партизани и, најверојатно, ја организира/реализира првата поамбициозна партизанска приредба која ни е позната денес (2 мај 1944, село Равно, Кумановско).
Со Одлука на Владата на Народна Република Македонија од 31 јануари 1945 година за формирање на Македонскиот народен театар (МНТ), Ќостаров е именуван за негов управник и режисер. Меѓу 1945 и 1983 година режира 83 претстави, од кои 58 на сцената на МНТ. Кариерата ја завршува како професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1977-1981).

Филмови: 1960 КАПЕТАН ЛЕШИ, актер, игран, Славија филм Белград

Филмографија:

1957: Подарок од веселиот молер ( Режија, Сценарио, )
1958: Мис Стон ( Главна улога, )
1961: Мирно лето ( Споредна улога, )
1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )