< Назад

Јовановски Мето

Биографија: (Панчарево, Беровско, 01.01.1946 - Скопје, 16.11.2023) Филмски, телевизиски и театарски актер. Завршува Театарска академија во Софија. Уште пред да се запише на студии, настапува на сцената на Народниот театар во Штип. Во 1971 година, по завршувањето на студиите, станува член на Драмскиот театар каде што за кратко време се здобива со репутација на докажан театарски и филмски актер во југословенски размери. Учествува на сценскиот проект на фестивалскиот ансамбл на Сплитско лето '84. Првпат на филм настапува со улога во МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ. Тој е еден од поретките актери кои со своите актерски остварувања се искачија на врвот на современиот актерски израз, унапредувајќи ја актерската игра, забрзувајќи ја и давајќи и природност. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и републичкото признание „11 Октомври“ и наградата на градот Скопје „13 Номеври“.


Награди: 1981 ФФАО, Ниш, Голема диплома за машка епизодна улога / „Црвениот коњ“ 1981 ФФК Милтон Манаки, Битола, прогласен е за актер на годината од ревијата „Екран“ 1986 ФФАО, Ниш, Гран - при Ќеле кула за најдобар актер / „Среќна нова '49“ 1986 Годишна награда Златна клапа од ревијата „ТВ Новости“ / „Среќна нова '49“ 1991 ФФ, Ниш, Гран - при за главна улога / „Тетовирање“ 1991 Филмско лице на годината според ревијата „Екран“ / „Тетовирање“

Филмови: 1988 ЗАСЕГА БЕЗ ДОБАР НАСЛОВ, актер, игран, Београд Филм - Белград, Центар филм Белград 1988 КУЌА ПОКРАЈ ПРУГАТА, актер, игран, ЦФС Авала филм Белград 1990 СЕКС - ДРЖАВЕН НЕПРИЈАТЕЛ БР. 1 (SEKS DRŽAVNI NEPRIJATELJ BR.1), актер, игран, ФРЗ Босна Сарајево, ЦФС Авала Филм Белград

Филмографија:

1973: Татко (Колнати сме, Ирина) ( Главна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Главна улога, )
1977: Пресуда ( Главна улога, )
1980: Оловна бригада ( Главна улога, )
1980: Време, води ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1982: Полноќно сонце ( Главна улога, )
1984: Нели ти реков ( Споредна улога, )
1986: Среќна Нова ‘49 ( Главна улога, )
1987: Хај-фај ( Главна улога, )
1991: Тетовирање ( Главна улога, )
1993: Македонска сага ( Главна улога, )
1994: Пред дождот ( Споредна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Главна улога, )
1998: Ливада ( Актер, )
2004: Големата вода ( Главна улога, )
2006: Тајната книга ( Главна улога, )
2008: Убави (The Beautiful Ones) ( Актер, )
2010: Вишновата градина ( Актер, )
2013: Трето полувреме ( Споредна улога, )
2016: Златна петорка ( Главна улога, )
2021: Божиќна елка (Christmas Tree) ( Режија, Сценарио, )