< Назад

Шишков Ристо

Биографија: (с.Мрсна, Серез, 23.03.1940 - Скопје, 17.07.1986) Филмски, театарски и телевизиски актер. Во 1945 година, по започнувањето на Граѓанската војна во Грција, доаѓа во Југославија. Во 1962 година дипломира на Театарската академија во Белград, на отсекот за глума. До 1964 година, член е на Југословенскиот драмски театар, а потоа доаѓа во Скопје и настапува за Македонскиот народен театар. На филм дебитира со споредна улога во ДО ПОБЕДАТА И ПО НЕА (1966). Набрзо станува еден од најбараните македонски актери за улоги исполнети со силни емоционални и морални противречности. Покрај театарски, остварува повеќе улоги и во македонски филмови, телевизиски драми и серии, и неколку радиодрами. Добитник е на една театарска награда на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1977) за улогата во претставата „Крчма под зеленото дрво“.
Во 1979 е обвинет во навреда на српски и хрватски артисти, како и на Претседателот Тито. Обвинет како националист, сепаратист и хегемонист на 15 јануари 1980 заминува во затвор. Во негова чест, од 1992 година во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.


Награди: 1967 ФФАО, Ниш, специјална награда / „Планината на гневот“
1976 ФФАО, Ниш, повелба за машка улога / „Најдолгиот пат“

Филмографија:

1966: До победата и по неа ( Главна улога, )
1967: Каде по дождот ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Главна улога, )
1968: Планината на гневот ( Главна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Главна улога, )
1971: Црно семе ( Главна улога, )
1972: Истрел ( Главна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Главна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Главна улога, )
1984: Нели ти реков ( Главна улога, )