< Назад

Прошев Тома

Биографија: (Скопје, 1931 - Загреб, 1996) Композитор, диригент и автор на филмска музика. Во 1960 година дипломира композиција на Академијата за музика во Љубљана, во класата на Луцијан Марија Шкерјанц, каде што и магистрира. Потоа се усовршува во Париз кај Надја Буланже. Од 1959 година станува професор во Средното музичко училиште „Ватрослав Лисински“ во Загреб, а од 1967 професор-доцент на Високата музичка школа во Скопје. Од 1968 до 1970 е директор на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје. Тој е основач и диригент на камерниот ансамбл „Света Софија“, со којшто има остварено бројни настапи и реализирано редица снимки со дела од наши автори. Во 1980 година докторира на тема „Композициско-техничките и стилските карактеристики на современото македонско музичко творештво“. Како автор на филмска музика, дебитира во 1956 година со музиката за документарниот филм ПТИЦИТЕ ДОАЃААТ.

Филмографија:

1956: Птиците доаѓаат ( Музика, )
1962: Вибрациони мотори ( Музика, )
1967: Каде по дождот ( Музика, )
1968: Планината на гневот ( Музика, )
1969: Републиката во пламен ( Музика, )
1969: Време без војна ( Музика, )