< Назад

Стефановски Ристо

Биографија: (Скопје, 05.12.1928 - Скопје, 22.03.2022) Театролог, театарски работник, театарски историчар и драмски и филмски актер.
По завршување на Државната театарска школа во Скопје, студира глума на Театарската академија во Белград. Од 1951 до 1960 година бил актер во Народниот театар во Скопје. Од пролетта 1957 до 1983 година раководел со Куклениот театар во Скопје кој потоа се трансформирал во денешниот Драмски театар. Во меѓувреме дипломирал на Факултетот за Драмска уметност во Белград, отсек Организација. Од 1983 година до пензионирањето во 1988 година е генерален директор на Македонскиот народен театар во Скопје.
Автор е на голем број книги и текстови од обалста на театарот.
Ристо Стефановски е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои се „13 Ноември“ (1983); „11 Октомври“ (1988); „Св. Климент Охридски“ (1988). Потоа, Стериината награда за животно дело на Фестивалот „Стериино позорје“, Нови Сад (1989); наградата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ за животно дело (1989); орден за труд со бронзен венец; орден за труд со сребрен венец; орден за труд со златен венец, како и одликување на Француската влада Palmes Academiques.

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1958: Мис Стон ( Споредна улога, )
1959: Виза на злото ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )
1976: Најдолгиот пат ( Споредна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
2004: Како убив светец ( Споредна улога, )