< Назад

Јосифовски Јосиф

Биографија: (Титов Велес, 29.08.1927 - Битола, 21.05.2001) Театарски, филмски и телевизиски актер. Најголема афирмација како артист Јосиф Јосифовски доживеа за време на својот повеќедецениски стаж во Народниот театар во Битола, каде бил вработен од 1960 година. Добитник е на повеќе признанија на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Бил препознатлив по неговата маркантна фигура, бујниот баритонски глас, живиот и ведар темперамент и страста која провејувала скоро низ сите негови остварувања.

Филмографија:

1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1993: Македонска сага ( Споредна улога, )
1994: Пред дождот ( Главна улога, )
1995: Ангели на отпад ( Главна улога, )
1997: Преку езерото ( Споредна улога, )
1998: Збогум на 20-тиот век ( Споредна улога, )
1998: Ливада ( Актер, )
2001: Прашина ( Споредна улога, )