< Назад

Патрногиќ Јелена

Биографија: (Косовска Митровица, 1932 - ) Филмски и театарски костимограф. Од 1960 до 1977 година работи во Македонскиот народен театар. Во тој период подготвува серија костимографски остварувања за драмски, оперски и балетски претстави. Исто така, соработува и со Драмскиот театар во Скопје, при реализацијата на повеќе театарски претстави како костимограф.

Филмографија:

1965: Денови на искушение ( Костимографија, )
1966: До победата и по неа ( Костимографија, )
1969: Републиката во пламен ( Костимографија, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Костимографија, )
1976: Најдолгиот пат ( Костимографија, )
1980: Време, води ( Костимографија, )