Биографија: ( Велес, 29.3.1934 - Скопје, 14.01.2000) Композитор и автор на филмска музика. Во 1961 година дипломира на Музичката академија во Белград, на одделот за композиција, во класата на проф. Миленко Живковиќ. По дипломирањето, се враќа во Скопје и работи како професор во Средното музичко училиште, а потоа е музички уредник во Радио Скопје. Од 1967 година станува доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Како автор на филмска музика, за првпат се појавува во 1960 година, со музиката за документарниот филм „Шарпланинецот Мургош“, по којшто следуваат уште низа други ангажмани за документарни и играни филмови, а за играниот филм „Татко“, добитник е на наградата Златна арена на ФЈИФ, Пула, 1973 година. Беше редовен професор на Факултетот за музичка уметност.
Награди: 1973 ФЈИФ Пула, Златна арена за музика / „Татко“
Филмографија:
1960:
Шарпланинецот Мургош
(
Музика,
)
1964:
Под исто небо
(
Музика,
)
1964:
Проштевање
(
Избор на музика,
)
1964:
Поетот изгнаник
(
Музика,
)
1965:
Денови на искушение
(
Музика,
)
1973:
Татко (Колнати сме, Ирина)
(
Музика,
)
1976:
Најдолгиот пат
(
Музика,
)
1976:
Ден кога се проштева
(
Избор на музика,
)
1977:
Пресуда
(
Музика,
)
1977:
Нов живот
(
Избор на музика,
)
1989:
Оплакување Христово
(
Музика,
)