< Назад

Стефановски Димче

Биографија: (Битола, 1921 – Битола, 1978) Македонски актер. По ослободувањето е еден од основоположниците за формирањето на Народниот театар во Битола, каде бил актер, режисер и директор. Неговиот актерски опус брои над 150 улоги. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1958: Мис Стон ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )