< Назад

Стефановски Ацо

Биографија: (Битола, 10.12.1922 - Битола, 10.03.1985) Македонски театарски, филмски и телевизиски актер. Сиот свој творечки опус како актер од 1944 до 1983 година Ацо Стефановски го мина во Народниот театар во Битола. Поминувајќи го сиот свој работен век на „штиците што живот значат“ одиграл 250 улоги. Уште во 1950 година ја доби „Мајската награда“ што ја доделуваше Здружението на драмските уметници на Македонија. Добитник е и на највисокото републичко признание - Наградата „11 Октомври“ за животно дело, на Златен ловоров венец на Фестивалот на малите и експериментални сцени во Сараево, на наградата на ревијата „Екран“ за Најдобар артист во Македонија во 1983 година, Наградата на градот Битола „4 Ноември“, и на повеќе други награди на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Меѓу другото беше и селектор на Фестивалот на малите и експериментални сцени во Сараево.

Филмографија:

1955: Волча ноќ ( Споредна улога, )
1958: Мис Стон ( Споредна улога, )
1967: Македонска крвава свадба ( Споредна улога, )
1968: Планината на гневот ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )
1970: Цената на градот ( Главна улога, )
1971: Македонски дел од пеколот ( Споредна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1975: Јад ( Споредна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )
1984: Нели ти реков ( Споредна улога, )