< Назад

Исаја Јован - Јон

Биографија: (Тетово, 05.01.1915 - Скопје, 13.12.1993) Филмски, театарски и телевизиски актер.
Јон Исаја потекнува од печалбарско семејство, па годините на детството и младоста ги поминува во Романија. Во Букурешт завршува Театарска академија во 1942 година и ја започнува кариерата на драмски уметник, која што, по враќањето во Македонија, ја продолжува во Македонскиот народен театар од 1951 до 1964 година, кога преминува во Драмскиот театар каде што ја постигнува својата потполна актерска зрелост. И во областа на телевизијата и филмот оствари ролји од антологиско значење. Добитник е на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“.

Филмографија:

1961: Солунските атентатори ( Споредна улога, )
1965: Денови на искушение ( Споредна улога, )
1966: До победата и по неа ( Споредна улога, )
1967: Мементо ( Споредна улога, )
1969: Републиката во пламен ( Споредна улога, )
1969: Време без војна ( Споредна улога, )
1970: Цената на градот ( Споредна улога, )
1972: Истрел ( Споредна улога, )
1977: Исправи се, Делфина ( Споредна улога, )
1981: Црвениот коњ ( Споредна улога, )