Биографија: (Велес, 16.01.1902 - Скопје, 29.01.1999) Театарски, филмски и телевизиски актер, еден од доајените на македонската актерска сцена. Тодор Николовски од 1909 година живее во Скопје. Во 1919 г. станува член на Народниот театар во Скопје. За време на војната продолжи да работи во театарот, а 1944 година замина во Горно Врановци каде што се вклучува во партизанската културно-уметничка група „Кочо Рацин“. Во 1945 година за прв пат се пројави и како режисер. Во 1947 година настапи на свеченото отворање на Обласниот народен театар во Горна Џумаја. Член на Македонскиот народен театар беше од 1945 се до пензионирањето во 1974 година. По повод 45 годишната континуирана артистичка дејност ја доби наградата за животно дело „11 Октомври“. На 85 годишна возраст настапи во јубилејната претстава „Чорбаџи Теодос“ по повод пет децении од нејзината праизведба.
Филмографија:
1955:
Волча ноќ
(
Споредна улога,
)
1958:
Мис Стон
(
Главна улога,
)
1961:
Мирно лето
(
Споредна улога,
)
1964:
Под исто небо
(
Споредна улога,
)
1966:
До победата и по неа
(
Споредна улога,
)
1967:
Македонска крвава свадба
(
Споредна улога,
)
1967:
Мементо
(
Главна улога,
)
1969:
Републиката во пламен
(
Споредна улога,
)
1976:
Денес треба нешто да се случи
(
Главна улога,
)
1984:
Нели ти реков
(
Споредна улога,
)
1992:
Време, живот
(
Главна улога,
)
1993:
Македонска сага
(
Споредна улога,
)